

ЗАПОЗНАЈ СИ ЈА МАКЕДОНИЈА
Ако некој странец ве праша што треба да види во Македонија, имате два или три оговори:
Охрид, Маврово.
Ако ве праша по што е Македонија на пример единствена во светот знаете ли да кажете?
Колку манастири или цркви имаме? Наголемиот број ке кажат многу, а повеке од половина не знаат да набројат повеке од две, а да дадеме патоказ како да стасаат до нив? Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетат на некој кој знае.
Loranditè од Алшар
Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на "Емералд" - мрежа за заштита на природни реткости. Примероци од оваа руда може да се видат во историскиот музеј на плоштадот Riponne во Лозана - Швацарија.


РУБИН од Прилепскиот мермер
Во Македонија се наоѓа единственото европско наоґалиште на рубини.
Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.


Најретката и најбараната македонска ризница
Ископана во периодот од 1960г од непознати копачи во северниот дел на Македонија во околината на Свети Николе, изнесена од Македонија и продадена преку најголемата аукциска куќа Sotheby's во Лондон. Ризницата содржела:
68 златни монети
Филип II Македонски
Александар III Македонски
Филип III Аридеј
околу 1.900 сребрени пеонски тетрадрахми
кралот Ликеј
кралот Патрај
Монети од оваа ризница се продаваат и денес по аукциите во светот. Во нивниот опис стои "Ex Paeonian Hoard, Sotheby's 16 April 1969"
Во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во селото Рајчица се изработуваат рачно везени митри, кои се познати по својот исклучителен квалитет и уметничка изработка.
Тие се високо ценети и барани не само од епископите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, туку и од бројни великодостојници на православните цркви ширум светот.
Од 2003 година до денес, монахињите изработиле повеќе од 150 митри, кои ги носат архиереи од Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и други земји.
Меѓу нив се и Ерусалимскиот патријарх, како и Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Митри од Рајчица


















Во Скопје животот трае речиси непрекинато најмалку 7.000–8.000 години. За тоа сведочат бројните археолошки локалитети, меѓу кои се неолитската Тумба Маџари, неолитската тумба во Чаир и неолитските слоеви откриени на Скопското Кале (Тврдина). Овие наоѓалишта покажуваат дека Скопската Котлина била населена уште од VI милениум п.н.е., што го прави Скопје едно од најстарите континуирано населени подрачја на Балканот
Неолитски населби во Скопје од пред 8000 г


Подводната пештера ВРЕЛО кај Матка најдлабока во светот
Во 2009 година, меѓународна експедиција предводена од италијанскиот спелеонуркач Луиџи Касати (Luigi Casati) достигна 190 метри длабочина, без да го пронајде дното. Тогаш Касати изјави дека „и на таа длабочина не можев да го видам дното.
Полскиот спелеонуркач Кшиштоф Старнавски подоцна стигна до околу 240 метри, при што повторно не беше целосно потврдена крајната длабочина на ВРЕЛО. Се претпоставува дека нејзината длабочина изнесува околу 330 метри
Светскиот рекорд го држи Бушмановата Дупка (Bushman's Hole/Boesmansgat) во Јужна Африка: Длабочината од 282,6 метри е документирана со нуркачки истражувања и долго време претставуваше еден од најзначајните светски рекорди




На 30 септември 2002 година, при археолошките ископувања кај Горна Порта, во непосредна близина на Самуиловата тврдина во Охрид, археолозите открија едно од најзначајните археолошки откритија во Македонија – златна погребна маска и златна ракавица со прстен.
Богатиот гроб, во кој беа пронајдени околу 70 предмети од злато, сребро, бронза, железо, керамика, стакло и килибар, се датира на почетокот на V век пред Христа. Ова е петтата позната златна погребна маска откриена во охридскиот регион и претставува едно од највредните археолошки откритија од архајскиот период на Балканот
Најквалитетен ОПИУМ во светот




Историски, македонскиот опиум (од регионот Прилеп–Велес–Штип) навистина се сметал за еден од најквалитетните во светот поради исклучително високата содржина на морфин.
1. Македонски опиум: околу 14–16% морфин (понекогаш и повеќе кај одредени сорти).
2. Пакистанскиот има 7 морфински единици,
3. Колумбискиот има 3,5 морфински единици.
Затоа, во периодот меѓу двете светски војни, македонскиот опиум бил еден од најбараните во светот за фармацевтската индустрија, а голем дел од производството се извезувал во Германија, Швајцарија, Франција и САД за производство на медицински морфин и други лекови.


Златна маска од 5ти век пред Христа
Најстари музички ракописи
Македонија поседува една од најстарите музички ракописни традиции на Балканот. Во Охридскиот музеј се чуваат 14 средновековни музички ракописи со византиска нотација, кои потекнуваат од X до XIV век. Еден од најзначајните споменици на словенската писменост е Болоњскиот псалтир, напишан на кирилица околу 1230–1242 година во селото Рамне кај Охрид, а денес се чува во Универзитетската библиотека во Болоња.


Првиот светски ЗЛАТЕН МЕДАЛ на македонски фотографи
Во 1905 година, браќата Јанаки и Милтон Манаки во Битола го отвораат своето „Студио за уметничка фотографија“, кое наскоро станува едно од најпознатите фотографски ателјеа на Балканот.
Веќе следната година, 1906, тие учествуваат на големата фотографска изложба во Романија, каде што за својата фотографска колекција освојуваат златен медал.
Овој успех им ја носи и честа да бидат прогласени за дворски фотографи на кралот Карол I од Романија, со што стануваат едни од најпризнатите фотографи во Европа на своето време.






ВИА ИГНАЦИЈА
Виа Игнација (Via Egnatia) била еден од најзначајните римски патишта, кој ја поврзувал источната и западната страна на Балканот.
Биа Игнација е долг 1120 км од кој најголем дел од неговата траса минувал низ античка Македонија и тоа 620км, поврзувајќи ги нејзините најважни градови, меѓу кои Лихнид, Хераклеја Линкестис, Пела, Тесалоника, Амфипол и Филипи.
Граден бил цели 44 години а се простира од Дирахиум (денешен Драч) до Византион (денешен Истанбул).






НАЈСТАРО ДРВО ВО МАКЕДОНИЈА
Чинарот (Platanus orientalis) во Охрид се смета за најстарото дрво во Македонија. Според повеќе проценки, неговата старост е околу 1.000–1.100 години, што значи дека потекнува од времето на Св. Климент Охридски (IX–X век).
Овој величествен платан, се најдува во срцето на старата охридска чаршија и поради својата долговечност и историска вредност е заштитен како природно наследство.




ПЕШТЕРА ПЕШНА
Пештерата Пешна, која се наоѓа на околу 6 km од Македонски Брод, често се наведува како една од најимпресивните природни знаменитости во Македонија. Нејзиниот влез (околу 40 m висок и 56 m широк) е меѓу најголемите на Балканот.
Пештерата Пешна во реномираниот журнал "The New York Times" е опишана како идентична на измислените пештери во филмот "Господарот на прстените".
Интересен факт е дека на самиот влез од пештерата се наоѓаат и остатоци од средновековна тврдина, што дополнително придонесува за впечатокот дека местото изгледа како сцена од фантастичен филм.






